Фото: Федерација на училишен спорт на Македонија

Македонија го освои сребрениот медал на Европското училишно првенство во баскет 3×3

Одличен успех оствари Македонија на Европското училишно првенство во баскет 3×3 што се одржа во Белград, Србија.

Нашите натпреварувачи во финалето загубија во борбата за златниот медал од селекцијата на Англија со резултат 22:18.

Дефинитивно, нема простор за разочарување бидејќи Македонија блескаше со своите настапи на првенството и заслужено стигна до самата завршница.

Секоја чест за Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски кои гордо ја претставуваа нашата земја со својата борбеност и перфектна тимска игра.

До самото финале, Македонија најпрвин оствари пет победи во групата А над Молдавија (21:8), Хрватска 2 (21:15), Црна Гора (21:11), Хрватска 3 (21:10) и Србија 1 (17:16).

Во четвртфиналето беше остварен триумф над Хрватска 1 (21:17), а во полуфиналниот меч беше совладана Хрватска 2 (22:9).

На третото место се најде Србија 2, а редоследно од четвртата од 12 позиција на конечниот пласман се: Хрватска 2, Хрватска 2, Србија 1, Турција, Хрватска 1, Црна Гора, Република Српска, Словачка и Молдавија.

Во женска конкуренција првото место го освои Хрватска 2, пред второпласираната Србија 1, а бронзата оди кај Турција. Редоследно од четвртата до 10 позиција на конечниот пласман се: Србија 2, Англија, Република Српска, Хрватска 1, Бугарија, Словачка и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот