Фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Канада добива големо засилување за натпреварот против Катар

Фудбалската репрезентација на Канада ќе добие големо засилување за натпреварот од второто коло од групната фаза на Светското првенство.

Најдобриот играч и капитен Алфонсо Дејвис, кој го пропушти натпреварот против Босна и Херцеговина, ќе биде на теренот против Катар.

Играчот на Баерн ја повреди задната ложа пред месец и половина во полуфиналето на Лигата на шампионите и оттогаш ја започна трката за подготовка за Светското првенство.

– Тој тренираше со нас и ќе биде во тимот за натпреварот против Катар. Ќе видиме само дали ќе започне или ќе ја чека својата шанса од клупата – рече канадскиот селектор, Џеси Марш.

Натпреварот помеѓу Канада и Катар е закажан за четврток на полноќ по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот