ФФМ за апсењето на Ѓорѓиоски: Проневерени се скоро три милиони евра
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи откак беше уапсен поранешниот претседател на Федерацијата, Илчо Ѓорѓиоски, поради сомнежи за финансиски малверзации.
Препорачано
Од ФФМ не посочија конкретни имиња, но потврдија дека уште во 2019 година до надлежните институции доставиле документација за утврдени неправилности во работењето за периодот од 2015 до 2019 година.
Според Федерацијата, по нивната пријава била спроведена истрага од Управата за финансиска полиција, по што во 2020 година била поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
„Според документацијата доставена до надлежните институции, вкупната штета нанесена на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од јануари 2015 година до крајот на 2019 година изнесува повеќе од 2,5 милиони евра“, соопштија од ФФМ.
Од Федерацијата додаваат дека во изминатите години немале повратни информации за текот на постапката, а на крајот на 2025 година од нив била побарана дополнителна документација, која била доставена на почетокот на 2026 година.
Утрово е уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
Во наведениот период на чело на ФФМ беа двајца претседатели. Илчо Ѓорѓиоски ја водеше федерацијата до 2018 година, по што беше наследен од Муамед Сејдини, кој исто така пролетва се најде во притвор.
Од ФФМ порачаа дека и понатаму целосно ќе соработуваат со надлежните институции во постапките поврзани со евентуални незаконитости и заштита на интересите на федерацијата.


