Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Европска лига: Македонија со 13 одбојкари на третиот турнир во Косово

Со 13 репрезентативци во составот селекторот Јошко Миленкоски одлучи машката сениорска репрезентација да отпатува во Приштина, на последниот, трет турнир за Македонија, во годинешното издание од Европската лига.

Во последниот пресек селекторот Миленкоски одлучи дома да останат младите Лука Ристоски, Ване Арапов, како и Јован Милев.

Од претходно е познато дека за целиот циклус надвор од комбинација е и повредениот Александар Љафтов.

Македонија од денеска е стационирана во косовскиот главен град, додека настапот на третиот турнир го стартува в петок, кога се соочува со домаќинот Косово, од 20.00 часот.

Последниот натпревар во Европската лига 2026 ќе го играме в сабота, во истиот термин, против Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот