Катар навивачи Фото: EPA/BENJAMIN FANJOY

Емирот на Катар платил чартер до Ванкувер за илјада навивачи

Катар доби несекојдневна поддршка на Светското првенство, откако емирот на земјата, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, овозможи околу илјада навивачи бесплатно да отпатуваат во Канада за да ја бодрат националната репрезентација.

Катарските навивачи пристигнаа во Ванкувер со чартер летови и веднаш создадоа вистинска карневалска атмосфера во градот. Со тапани, песни и знамиња, тие го најавија натпреварот од второто коло во Групата Б против домаќинот Канада.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Невидливиот Роналдо ја угуши Португалија, Англија ја наполни мрежата на Хрватска

Програмата е финансирана од Катарскиот фонд за социјални и спортски придонеси во соработка со Фудбалската асоцијација на Катар. Освен авионскиот превоз, за навивачите се обезбедени и хотелско сместување, локален превоз и дополнителни бенефиции.

Од Катарската фудбалска федерација соопштија дека целта на иницијативата е да се создаде позитивна атмосфера на трибините и дополнителна поддршка за репрезентативците на најголемата светска фудбалска сцена.

За кого навиваат нашите политичари на Светско? Тошковски за Португалија, Пендаровски и Апасиев за Бразил, Бендевска за Босна…

„Би сакал да им се заблагодарам на сите што допатуваа овде за да нè поддржат. Свесни сме за нашата одговорност и ќе направиме сè што е во наша моќ навивачите да го напуштат стадионот среќни и горди на нас“, изјави капитенот на Катар, Абдулазиз Хатем.

Катар го започна настапот на Светското првенство со реми од 1:1 против Швајцарија, а во дуелот со Канада ќе се обиде да стигне до првата победа на турнирот.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот