Такси возило во Грција
Такси возило во Грција / Фото: EPA/ALKIS KONSTANTINIDIS

Таксисти на Крит им наплаќале превисоки суми на патниците, полицијата ги уапси

Грчките власти во понеделникот уапсиле тројца таксисти осомничени за измама на нивните патници на островот Крит, објави „Екатимерини“.

Според соопштението на полицијата, тројцата мажи биле фатени за време на насочена акција на полицајци во градот Агиос Николаос.

Се наведува дека осомничените, на возраст од 48, 47 и 25 години, на патниците им наплатувале повисока цена од онаа што ја покажувале таксиметрите и од издадените сметки.

Полицијата соопшти дека ќе продолжи со активностите за сузбивање на нечесни таксисти.

Грција носи итни мерки против гужвите на граница — туристите привремено ќе влегуваат само со пасоши, како порано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот