Фото: Pexels / Kelly

Руски авион со 189 патници исчезна од радарите

Патнички авион „Боинг 737-800“ на руската авиокомпанија „Смартавија“, кој летал на редовната линија Сочи – Архангелск, испратил сигнал за помош додека се наоѓал над Црното Море и набргу исчезнал од радарите, објави рускиот портал Лајф, а пренесе и Политика.

Авионот полетал од Сочи пред околу два часа, а пилотите по околу половина час пријавиле шифра 7700, што означува сериозен инцидент во авионот.

Во авионот се наоѓаат 189 патници и членови на екипажот.

Седиштето на компанијата „Смартавија“ е во Архангелск, а нејзината флота се состои од 13 авиони: два „Боинг 737-700“, девет „Боинг 737-800“ и два „Ербас А320“. Просечната старост на флотата на „Смартавија“ е 16,8 години.

ВИДЕО | Авион се урна на автопат во Тексас, има загинати и повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот