Искра Нечаковска / Фото: Друштво на физичарите на Република Македонија / Фејсбук

Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика во Шведска

Македонското знаме се развиори во Шведска на 10. Европска олимпијада по физика (EuPhO) што се одржува во Гетеборг, бидејќи ученичката Искра Нечаковска од Битола освои сребрен медал.

Ова е еден од најзначајните успеси на македонските ученици на ова престижно меѓународно натпреварување, велат од Друштвото на физичарите на Република Македонија што го организира македонското учество на олимпијадата.

На свечената церемонија во Гетеборг, медалот на Нечаковска ѝ го врачи шведската министерка за образование и наука, Лота Едхолм.

-Со особена гордост информираме дека Искра Нечаковска, ученичка во IV година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола, освои сребрен медал, со што постигна еден од најзначајните успеси на македонските ученици на ова престижно меѓународно натпреварување. На свечената церемонија во Гетеборг, медалот на Искра Нечаковска ѝ беше врачен од шведската министерка за образование и наука, Lotta Edholm, информираа од гимназијата.

Македонскиот тим беше составен од петмина ученици: Нечаковска, која е четврта година во гимназијата Јосип Броз-Тито“ во Битола, Андрија Младеновиќ, 3 година во „Математичко-информатичка гимназија“ во Скопје и Даниел Христовски, трета година, Марко Серафимовски и Михаил Шапчески, двајцата 4 година во школото „Јахја Кемал“ во Скопје.

Водачи на тимот беа проф. д-р Ирина Петреска, раководител на Институтот за физика и член на Комисијата за натпревари при ДФРМ и Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимписки натпреварувач и медалист. Тимот се подготвуваше на Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Почнал да чита на две години, а задачи решавал од три: Приказната на младиот гениј Македон Димитровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот