Велислава Петрова-Чамова / Фото: Принтскрин/Јутјуб/БГНЕС

Петрова-Чамова: Бугарија нема интерес за ескалација на тензиите со Македонија, блокадата на границата е контрапродуктивна

Инцијативите за блокирање на бугарско-македонската граница се контрапродуктивни и би можеле да му наштетат на ставот на Бугарија во односите со Македонија, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова во врска со најавените протести на бугарско-македонските граници што за в недела ги најави фондацијата „Македонија“ на Виктор Стојанов.

„Во секој случај, ваквите акции ќе бидат контрапродуктивни“, рече министерката во изјава за бугарските медиуми.

Според неа, ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес.

„Разбирам дека постои можност невладините организации или други структури да организираат вакви настани, но од наша страна е важно да одржиме многу цврста позиција со јасно изразени права за кои се залагаме“, рече Петрова.

Таа нагласи дека Бугарија нема интерес за ескалација на тензиите со Македонија.

„Нема потреба дополнително да се влегува во каналот на ескалација и да се одговара на секој случај во кој има таква провокација“, истакна бугарската шефица на дипломатијата.

Според Петрова, Бугарија има доволно дипломатски механизми преку кои ги штити правата на Бугарите во Македонија и ги брани своите позиции пред европските институции.

Бугарска организација која си дала име „Македонија“ в недела ќе организира блокада на сите гранични премини со Македонија, која ќе трае два часа.

Најавата доаѓа откако среде бел ден, скопјанец со бензин потпали две возила со дипломатски таблички, паркирани пред Бугарската амбасада во Скопје. Тој потоа беше пронајден и уапсен, а инцидентот го осудија и бугарските и македонските власти.

„Македонија“ ќе ја блокира бугарската граница со Македонија во недела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот