Фото: Бгнес (bgnes.bg) / скриншот

Осумдневен притвор за скопјанецот што ги запали бугарските дипломатски возила

На барање на Основното јавно обвинителство Скопје, на 44-годишниот скопјанец И.Д.С., му е одреден осумдневен притвор за палењето на дипломатските возила на Амбасадата на Бугарија во земјава, потврдија од Кривичниот суд Скопје.

Претходно денеска од Министерството за внатрешни работи соопштија дека И.Д.С. во полициска станица го признал делото и оти е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, а Основното јавно обвинителство Скопје вчера поведе постапка против него.

Јавниот обвинител оцени дека постојат основи за определување мерка притвор, имајќи ги предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, како и фактот дека е извршено врз дипломатски возила во центарот на Скопје, во период од денот кога фреквенцијата на луѓе и возила е голема.

Од МВР додаваат дека во текот на истражните дејствија се обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од камери за видеонадзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.

Обвинителството бара притвор за потпалувачот на колите пред Бугарската амбасада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот