Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Тешка несреќа на скопската обиколница — се судрија камион и кола

Тешка несреќа се случила рано утрово на скопската обиколница во која се судриле камион и автомобил, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, повреден е едниот возач.

„Денеска (17.06.2026) во 05:40 во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, од Бутел кон Мирковци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно и патничко возило, двете со скопски регистарски ознаки“, соопшти полицијата.

Поради несреќата во утринските часови бил отежнат сообраќајот на овој дел од обиколницата.

Се утврдуваат причините за несреќата.

Три деца пронајдени без свест во Куманово, најверојатно се затруле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот