Паторот Мерлин со сопственикот Кристијан Гомез / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Запознајте го паторот Мерлин кој стана маскота на СП по победата на Мексико

Додека Мексико ја славеше својата победа на отворањето на Светското првенство над Јужна Африка во четвртокот, Мерлин, двегодишен патор облечен во боите на националниот тим, стана неверојатна интернет- сензација и првата неофицијална маскота на турнирот.

Паторот Мерлин, облечен во дрес на мексиканската репрезентација и чорапи во боите на националниот тим, шеташе низ улиците на Мексико Сити додека илјадници навивачи го славеа нивниот триумф, пренесуваат странските медиуми.

Фотографиите и видеата од Мерлин брзо станаа вирални, собирајќи милиони прегледи на социјалните медиуми, а патката стана неофицијална маскота на турнирот преку ноќ.

„Сакаме да го видиме Мерлин на стадионот“; „Овој патор е веќе национално богатство“ и „Најдоброто нешто на Светското првенство досега“, беа некои од коментарите на интернет.

Мерлин веќе беше познато лице во мексиканската престолнина. Тој редовно ја придружува својата сопственичка, Карла Гомез, која продава вода и сокови од мала количка, на саеми и настани во историскиот центар на градот за време на викендите.

Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Мерлин има и посебна приврзаност со синот на Карла, Кристијан, кој всушност го добил паторот како подарок.

Паторот постојано привлекува внимание кај минувачите, кои се желни за заедничка фотографија.

– Не сакаме да го оставаме сам дома, сакаме да биде со нас. Тој е наше бебе. Тој е секогаш со нас, никогаш не замислувавме дека ќе стане таква сензација. Не го очекувавме тоа – рекла Гомез.

Семејството го носи Мерлин во некои од најпознатите места во Мексико Сити, вклучувајќи го Централ Аламеда, Палатата на ликовни уметности и плоштадот „Зокало“.

Во понеделник, Гомез и Мерлин се сретнаа со претставници на ФИФА за фотосесија и реклама, а семејството сега верува дека познатиот пердувест навивач би можел да продолжи да носи среќа во Мексико, кое е домаќин на Светското првенство по третпат по 1970 и 1986 година, овој пат заедно со Канада и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот