Гром усмртил Србин додека барал засолниште од бура
Маж од Србија вчера загинал во сопствениот двор откако во него удрил гром додека барал засолниште од ненадејна бура, пренесува „Б92“.
Препорачано
Станува збор за 79-годишниот Предо Г. од селото Петница, во близина на градот Чачак, кој стоел надвор во моментот кога громот удрил во куќата во која се наоѓала неговата сопруга.
„Одеднаш се појавија облаци и слушнавме дека гром удри некаде во близина. Сѐ уште немаше започнато невремето, туку имаше само дожд и грмотевици. Предо во моментот на грмежите беше пред куќата, поточно тргнал да се засолни од дождот. Го погодила молња пред самиот праг од куќата. Сè се случи за една минута. Наскоро пристигнаа брза помош и пожарникари“, раскажал Милан, сосед на брачниот пар во маалото Стевановиќи.
Тој додал дека невремето започнало нешто по 19 часот и дека ништо не навестувало трагедија.
„Починал на пат кон болница од последиците од ударот на гром. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно“, рекол соседот.
Сопругата на Предо, исто така, била погодена од последиците на ударот и била пренесена во болницата во Чачак.
Соседите рекле дека од ударот на гром целосно изгорела електричната инсталација во семејната куќа, но пожарот брзо бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите.
ВИДЕO | Колапс во Сараево: невреме со град и пороен дожд ги поплави улиците


