Фото: Фејсбук / SARAJEVO - RAJVOSA / Namik Alimajstorovic / скриншот

ВИДЕO | Колапс во Сараево: невреме со град и пороен дожд ги поплави улиците

Силна бура со пороен дожд, силен ветер и град го погоди денеска Сараево, носејќи ненадеен студ и силен дожд што предизвика колапс во сообраќајот. Во делови од градот се забележани и куси, но интензивни врнежи од град, објави Радио Сараево

Поради обилните дождови, централните улици и многу улички на Башчаршија се целосно под вода. Водата се спуштала од Себиље и им се заканувала на локалните продавници, додека работниците се обидувале да спречат да навлезе во дуќаните.

Силните налети на ветер им го отежнале движењето на пешаците и на возачите. Засега нема информации за причинета поголема материјална штета.

Делови од БиХ се без струја поради невремето, расте и водостојот на реките

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот