Бомбардер „Б-52“, „летечка тврдина“ / фото: Defense Visual Information Distribution Service / CC0

ВИДЕО | Aмерикански бомбардер „Б-52“ се урна во Калифорнија, се стравува дека никој не преживеал

Американски стратешки бомбардер „Б-52 Стратофортрес“ се урнал во Калифорнија кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс, јавува „Гардијан“.

Инцидентот се случил околу 11:20 часот по локално време, а од базата потврдија дека авионот се срушил непосредно по полетувањето. Засега нема официјални информации за бројот на жртви или повредени, но според првичните информации постојат стравувања дека во леталото нема преживеани.

„На местото на несреќата веднаш се упатени итните служби и ситуацијата е во тек. Повеќе информации ќе бидат објавени штом станат достапни“, соопштија од воздухопловната база.

Снимки од воздух покажуваат голема опожарена површина и густ црн чад кој се издига над местото каде што се урнал авионот.

„Б-52“, познат и како „летечка тврдина“ е еден од најпрепознатливите авиони во американската воена историја и е во употреба уште од 1950-тите години. Станува збор за стратешки бомбардер со долг дострел, способен да носи конвенционално и нуклеарно вооружување.

Леталото може да достигне височина од околу 15.000 метри и да понесе товар од повеќе од 30 тони. Благодарение на можноста за дополнување гориво во воздух, неговиот оперативен дострел практично е неограничен.

Вообичаено, екипажот на „Б-52“ го сочинуваат командант, пилот, навигатор, радарски навигатор и офицер за електронско војување.

Причините за несреќата засега не се познати, а надлежните служби започнаа истрага.

ВИДЕО | Во Америка се урна авион кој носел падобранци, 12 луѓе загинаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот