Фото: Needpix

20.000 деца лани биле на психијатар во Хрватска — само годинава 50 се обиделе да си го одземат животот

Двегодишно дете на психијатриски преглед. Седумгодишно девојче на третман за анорексија. Обиди за самоубиство кај ученици од основно училиште. Педесет хоспитализации поради обиди за самоубиство само во првите пет месеци од оваа година во најголемата хрватска институција за третман на деца и млади со ментални тешкотии, се шокантните податоци за менталното здравје на децата во Хрватска за кои пишува „Јутарњи лист“.

И бројките покажуваат колку е алармантна ситуацијата. Во Психијатриската болница за деца и млади во Загреб, таканаречената „Кукуљеви“, бројот на прегледи се зголемил од 11.632 во 2021 година на 20.542 во 2025 година, а бројот на хоспитализации се зголемил за 45,3 проценти.

Во Риека КБЦ, бројот на нови пациенти речиси се зголемил тројно од 237 на 716 годишно, додека бројот на хоспитализации се зголемил за речиси 60 проценти.

Хрватскиот портал Јутарњи објавува податоци од кои хрватската јавност е шокирана. Над 20.000 деца, малолетници, се лекувале лани во специјализираните клиники за деца со психолошки проблеми.

„Слободен печат“ дознава: Голема инспекција во Институтот за јавно здравје, поради административци што не полагале испит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот