Нови детали за трагедијата кај Сплит: капетанот не бил зад кормилото во моментот на судирот со катамаранот
Во истрагата за трагичната поморска несреќа во близина на Сплит, во која загинаа четворица чешки државјани, се појавија нови неофицијални информации. Според нив, во моментот кога катамаранот се судрил со едрилицата, капетанот не бил на кормилото, туку еден од повредените патници, пишува порталот „Далматински“.
Препорачано
Трагедијата се случи вчера наутро во каналот помеѓу Брач и Шолта, а истрагата за катамаранот „Крило Еклипс“ продолжи денес.
Во несреќата загинаа четворица патници, додека четворица беа спасени и пренесени во сплитската болница. Сите се чешки државјани. Капетанот и двајца патници беа пуштени од КБЦ по прегледот, додека една жена е на лекување поради фрактура на пршлен.
Се очекува полицијата да ги испраша сите преживеани од едрилицата. Капетанот, првиот офицер и кормиларот на катамаранот исто така ќе дадат изјави, како и патниците на катамаранот кои можат да имаат корисни информации за околностите на судирот, пренесува хрватски „Индекс“.
Важен дел од истрагата би можеле да бидат и француските државјани кои биле на блиска едрилица во времето на несреќата. Неофицијално е познато дека тие го снимиле моментот на судирот, а оваа снимка би можела да им биде од клучна помош на истражителите во расветлувањето на настанот.
Двата брода се движеле во ист правец, кон Хвар. Едрилицата пловела од Трогир и била на мотор, додека брзиот патнички катамаран пловел од Сплит. Штетата предизвикана од судирот е видлива на предниот и десниот труп на катамаранот.
Според неофицијалните информации од Далматинскиот портал, едрилицата наводно го сменила курсот во последен момент.
Како што е вообичаено во вакви ситуации, наредени се примероци од крв и урина од чешкиот капетан, командантот и првиот офицер на катамаранот за токсиколошка анализа. Наредена е и обдукција на телата на починатите.
Ќе се спроведе и вештачење за да се утврдат точните причини за поморската несреќа. Едрилицата, која потона на длабочина од повеќе од 50 метри, ќе биде извлечена за детален преглед.
Нуркачи ја пронајдоа четвртата жртва во поморската несреќа на Јадранот — телото било во едрилицата


