ФОТО | Меган Маркл се обиде да биде духовита, но шегата за „тајното дете“ на Хари наиде на жестоки критики
Меган Маркл, војвотката од Сасекс, со својата најнова објава на Инстаграм повторно ја бранува јавноста и поттикна лавина дебати за нејзината смисла за хумор. Шегата на сметка на црвената коса на бебето на нејзина пријателка, кое јавно го поврза со својот сопруг, принцот Хари, наиде на сериозни критики кога станува збор за приватноста, пренесува „Дејлиекспрес“.
Препорачано
Шегата што ја разбесни јавноста
Војвотката објави фотографија на која го држи тримесечниот син на нејзината блиска пријателка Кели Мекки Зајфен, малечкиот Џек Оливер. Покрај сликата каде што го бакнува бебето во главата, Меган напиша:
„Сите знаеме дека обожавам црвенокоси. И за да ве престигнам пред да започнете, не, ова не е негово дете“, додаде таа, ставајќи емотикон кој плаче од смеење.
Токму овој коментар предизвика лавина негативни реакции. Критичарите веднаш посочија дека Меган и Хари со години фанатично и строго ја чуваат приватноста на своите сопствени деца, 7-годишниот принц Арчи и 5-годишната принцеза Лилибет, и речиси никогаш не ги покажуваат нивните лица во јавноста. Сега, јавноста ја обвинува војвотката бидејќи без проблем го објави лицето на туѓо бебе, па уште и јавно се нашали дека поради црвената коса тоа би можело да биде „тајно вонбрачно дете“ на нејзиниот сопруг.

Неуспешни обиди за хумор и во минатото
Медиумите потсетуваат дека ова не е првпат обидите за хумор на парот од Сасекс да пропаднат. Во нејзината Нетфликс емисија „Со љубов, Меган“, војвотката додека готвеше со пријателките зеде рибина коска, мавташе со неа и го имитираше познатиот извик на Фред Кременко – „Јаба-даба-ду“. Реакцијата од нејзините пријателки во кадар беше само непријатна тишина.
Ниту принцот Хари немаше повеќе среќа со шегите во американските шоуа. За време на гостувањето во „The Late Show with Stephen Colbert“, тој ненадејно упадна во воведниот монолог на водителот, велејќи во камерата: „Мислев дека ова е аудиција за филмот ’Принцот Медењак го спасува Божиќ во Небраска‘?“.
Подоцна во истата емисија, Хари се нашали дека сака да глуми бидејќи знае колку Американците се „опседнати“ со божиќни филмови и кралското семејство. Кога Колбер го отфрли тоа тврдење, Хари одговори: „Навистина? А јас слушнав дека вие си избравте крал“. Овој политички обоен коментар во студиото беше дочекан со гласно негодување, па дури и со свирежи од публиката.


