ФОТО | Посебна вечер за Каролина Гочева: Пејачката блескаше во Бугарија
Каролина Гочева блесна на настап во Бугарија од каде што објави повеќе видеа и слики на нејзиниот инстаграм-профил. Поп-ѕвездата заедно со Дуке Бојаџиев и со Бранислав Николов од „Фолтин“, познат како Пијан Славеј настапија на познатиот меѓународен фестивал „Кросинг Џумаја“ во Бугарија, каде што беа пречекани со силни аплаузи од публиката.
Препорачано
Триото настапи на плоштадот во Благоевград, а нивниот заеднички проект беше најавен како еден од главните музички настани на фестивалската програма.
Во објавите од настапот, Каролина привлече внимание и со својот изглед. Пејачката се појави во елегантен, долг сатенски фустан во темна нијанса, со минималистички крој и впечатлив моден детал – масивен сребрен накит околу вратот. Со пуштена коса и природен изглед, Каролина остана доследна на својот препознатлив, ненаметлив стил, кој совршено се вклопи со атмосферата на концертот.

Вокалот на Каролина, музичката естетика на композиторот Дуке Бојаџиев и поетскиот сензибилитет на Бранислав Николов создадоа незаборавна атмосфера.
Фестивалот годинава повторно обедини уметници од повеќе земји, а покрај музичката програма, настанот испрати и порака за културна соработка и поврзување меѓу соседните држави. На македонските музичари им честитаа и претставници на локалните власти од Благоевград и Делчево.

Инаку, на 28 април Каролина Гочева наполни 46 години. Со кариера што трае повеќе од две децении, Каролина важи за една од најавтентичните пејачки на музичката сцена.
Неодамна, Каролина на социјалните мрежи сподели приказна токму од времето кога била тинејџерка.

„Јас со неполни 13 години за првпат на насловна на ‘Екран’. За оние кои не знаат, тогаш ‘Екран’ беше веројатно најзначајниот пишан музички медиум кај нас. Синоќа, кога ми ја испратија сликава, во погледот си ја видов возбудата и тремата што, како срамежливо и несигурно детенце, ја почувствував кога се јавија и кажаа дека сакаат да ме сликаат за насловна. Една недела подоцна дојдоа дома, во Битола, во куќата каде што пораснав. Сликава ме натера да размислам и колку време поминало од тогаш, заедно со еден куп исполнети и неисполнети желби и соништа (како и во сечиј живот). Единствено останаа непроменети мојата желба музиката да биде дел од мојот живот и мојата верна придружничка – тремата. Секако, благодарност до ВБУ Музички регистар што постојано изненадуваат со вакви заборавени ‘blast from the past’ моменти. Па, дечки, мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина.
ФОТО | „Три дена во Венеција“: Каролина Гочева и Михаил Корубин го посетија 60. Биенале на уметноста


