Фото: Скриншот/Јутјуб/Инстаграм

ВИДЕО | По цели 17 години: „Крај“ на Каролина Гочева стана вирална на ТикТок, пејачката ја изведе на пијано во домашна атмосфера

Речиси 17 години по своето објавување, песната „Крај“  на Каролина Гочева повторно доживува силен подем и станува вирална меѓу балканските креатори на содржина на платформата ТикТок, каде сѐ почесто се користи како музичка подлога за различни видеа. Некогашниот хит од 2009 година очигледно добива нов живот кај помладата публика, но и кај оние што со неа пораснале.

По тој повод, нашата поп принцеза вечерва сподели видео на кое ја изведува „Крај“ на пијано, во интимна, домашна атмосфера, и им се заблагодари на сите што повторно ја актуелизираа песната. Таа откри дека во последно време „Крај“ сѐ погласно се пее и на нејзините концерти, а често добива и гледа видеа и ремикси инспирирани од песната.

„Во последно време ‘Крај’ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот“, напиша Гочева, додавајќи дека иако нема профил на ТикТок, сепак ги следи трендовите и со задоволство ужива во видеата што ги создаваат креаторите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


За потсетување, „Крај“ е објавена на 18 мај 2009 година како дел од албумот „Капка под небото“, кој е шести студиски албум на Гочева.

Музиката ја потпишува српскиот артист Скај Виклер, додека македонскиот текст е на Весна Малинова.

Видеоспотот е снимен во јуни 2009 година во продукција на „Томато“, а официјално беше промовиран на 5 јули истата година, со впечатливи сцени снимени во вода и поинаков, посмел визуелен пристап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот