Маја Оџаклиевска - Фото: Фејсбук/Маја Оџаклиевска

ВИДЕО | Маја Оџаклиевска се врати во Македонија — емотивни семејни моменти во Струга

Маја Оџаклиевска се врати во Македонија од Белград каде што живее долги години. Причината што легендарната пејачка деновиве престојуваше во Струга, е свадбената веселба на нејзината внука Дина, а во еден момент и самата запеа, создавајќи посебна атмосфера за гостите. На социјалните мрежи беше објавена Инстаграм-приказна од Маја како ја пее „Што то бјеше љубвав“, големиот хит од Оливер Драгојевиќ кој таа го преработи.

Маја објави видео и од езерото во Струга, каде таа уживаше во мирот и убавините на градот. Пејачката се опушти далеку од градскиот метеж, а престојот во Македонија го искористи и за семејни моменти.

Особено внимание привлече нејзиниот настап на свадбата на внуката Дина. Гостите со воодушевување ја поздравиле Маја кога го зела микрофонот и запеала, претворајќи ја семејната прослава во вистински музички спектакл.

Маја Оџаклиевска – Фото: Инстаграм

Маја која е мајка на две ќерки, Теа и Андреа, со децении живее во Белград, каде ја продолжи својата кариера и приватен живот, но никогаш не ја прекина врската со Македонија. Пејачката, која зад себе има бројни хитови и настапи, често истакнува дека семејството секогаш ја враќа дома.

Инаку, животната приказна на Маја во изминатите години беше силно поврзана со нејзиниот внук Лука, синот на ќерката Теа, кому на рана возраст му бил дијагностициран аутизам. Пејачката долго време му беше целосно посветена и дури се повлече од јавниот живот за да се грижи за него. Во неодамнешно интервју, Маја откри дека Лука, кој денес има 16 години, сега е сместен во специјализиран дом во близина на Петровац на Млава, во Стамница, каде добива постојана грижа и поддршка. Таа признала дека одлуката не била лесна, но верува дека е најдобра за неговиот развој и благосостојба.

Маја Оџаклиевска искрено: Ми пречеше убавината, никој не ме слушаше како пеам

Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Имаше фази кога беше агресивен, но јас си го прегрнував и му велев дека го сакам“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот