ВИДЕО | По четиримесечна медиумска пауза — Барон Трамп се појави со нов имиџ и го „засени“ УФЦ спектаклот во Вашингтон
Најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, 20-годишниот Барон Трамп, го привлече вниманието на јавноста со својот нов изглед при првото појавување во јавноста по четиримесечна пауза. Тој беше дел од големиот семеен собир на историскиот УФЦ (UFC) настан кој викендов се организираше директно на јужниот тревник на Белата куќа, пишува „Сан“.
Препорачано
Барон, кој вешто ги избегнува камерите и ретко се појавува во медиумите, изненади со променет имиџ, тој ја покажа својата значително подолга коса и брада, што е сосема различно од неговиот претходен имиџ, залижана коса и без брада.
За оваа гламурозна вечер тој одбра темен блејзер и елегантна бела кошула, речиси копирајќи го стилот на својот татко.
Ова е дури второ јавно појавување на Барон Трамп откако неговиот татко стапи на претседателската функција во јануари 2025 година, по неговото последно присуство на обраќањето до нацијата во февруари. Младиот Барон, кој моментално е студент на Универзитетот во Њујорк (NYU), седеше во првите редови заедно со своите браќа, сестри и највисоките претставници на американската администрација.
Спектакл од 60 милиони долари за 80-тиот роденден на Трамп
Овој досега невидениот спортски настан во Белата куќа имаше двојно значење. Покрај уживањето во борбите, настанот послужи и како прослава за 80-тиот роденден на Доналд Трамп, како и за големиот јубилеј, 250 години од независноста на Соединетите Американски Држави. Според медиумските извештаи, биле потрошени над 60 милиони долари за јужниот тревник да се трансформира во привремена и моќна боречка арена под заштитна челична конструкција наречена „Канџа“.
Околу 4.500 специјални гости го следеа спектаклот во живо во самата арена, додека десетици илјади други навиваа пред огромните екрани поставени во близина.
Елитата на едно место
Покрај комплетното семејство Трамп, вклучувајќи ги Иванка, Тифани и внуката Каи, на спектакуларната вечер присуствуваа и бројни моќни фигури. Покрај потпретседателот Џеј Ди Венс и членовите на кабинетот, во првите редови до самиот октагон беа забележани и фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ, технолошкиот милијардер Цукерберг, познатиот водител и коментатор Џо Роган, како и извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон.
Вечерта заврши со грандиозен огномет над националното шеталиште во Вашингтон, во моментите кога претседателот и неговото семејство влегоа во самиот Октагон по завршувањето на главната борба.
Иако Барон Трамп претпочита да живее подалеку од очите на јавноста и речиси никогаш не дава интервјуа, неговиот татко неколкупати јавно му оддаде признание. Доналд Трамп откри дека уметноста на Барон за балансирање низ социјалните мрежи и неговите контакти со младите интернет-инфлуенсери (како што е стримерот Адин Рос) му помогнале на претседателот сериозно да се поврзе со помладата гласачка публика во САД.
Барон Трамп влезе во бизнисот со пијалаци: 19-годишникот стана директор на компанија вредна милиони


