Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Автограм на автопат — „Црвена јабука“ му го разубави денот на возач на камион

„Црвена јабука“ покажа дека токму блискоста со публиката е една од причините поради кои веќе четири децении останува меѓу најомилените музички групи во регионот.

Култната екс-ју група на социјалните мрежи сподели необично и симпатично видео кое за кратко време ги освои нивните обожаватели. Снимката е направена за време на патување, а на неа може да се види како членовите на групата му даваат автограм на возач на камион кој во тој момент се движел покрај нивното комбе.

Низ прозорецот му подале лист хартија и пенкало, а откако го добил посакуваниот потпис, возачот не ја сокрил својата радост. Неговата реакција најдобро покажува колку му значел овој неочекуван, но незаборавен момент.

„И вака се даваат автограми“, стои во видеото објавено на Инстаграм, додека во описот членовите на бендот со насмевка напишаа: „Кога делиш автограми на пат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crvena Jabuka (@crvenajabukaofficial)


Објавата веднаш предизвика бројни позитивни реакции кај следбениците, кои со воодушевување го коментираа гестот на музичарите. Меѓу многуте пораки се издвои и една духовита забелешка од обожавателка која во шега ја праша својата пријателка: „Ќе застанеме ли и ние во ред?“.

Овој симпатичен момент доаѓа во период кога „Црвена јабука“ слави голем јубилеј – 40 години од објавувањето на својот прв албум, издание кое засекогаш го одбележа нивниот пат на музичката сцена. Токму на него се најдоа безвременските хитови „Bježi kišo s prozora“, „Sa tvojih usana“ и „Dirlija“, песни кои и денес се пеат со истата емоција како и во времето кога беа создадени.

Во чест на јубилејот неодамна беше објавено и луксузно винилно реиздание на легендарниот албум, а фронтменот Дражен Жериќ – Жера на фестивалот ЦМЦ во Водице доби специјално признание од „Кроација рекордс“ – уникатна стаклена скулптура изработена од уметницата Алана Кајфеж, инспирирана од култната насловна страница на нивниот дебитантски албум.

ФОТО | Емотивен концерт на „Црвена јабука“ во Скопје: „Старомодниот“ Жера мајсторски ја одржува групата во мода 40 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот