Познатиот музичар Оливер Три загина во судир на два хеликоптера
Американскиот пејач, текстописец, продуцент и рапер Оливер Три загина во судир на два хеликоптера во Бразил, јавуваат локалните медиуми.
Препорачано
Според достапните информации, вкупно шест лица ги загубиле животите во несреќата. Како што наведува Си-ен-ен, Три бил во еден од двата хеликоптера што учествувале во летот.
Извештаите укажуваат дека во леталото имало уште четири лица заедно со музичарот, додека другиот хеликоптер бил управуван само од пилотот.
Надлежните служби покренаа истрага за да ги утврдат околностите и точната причина за падот на хеликоптерот. Засега не е објавено дали временските услови, техничкиот дефект или човечките фактори довеле до трагедијата.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на првичните истраги.
Три настапи во Буенос Аирес, Аргентина, на 4 јуни, а во саботата објави видео на својот Инстаграм каде што игра фудбал во бразилска населба.
Оливер Три остана препознатлив по песните „Life Goes On“, „When I’m Down“ и „Miss You“.
Вниманието на јавноста го привлече уште во 2010 година, кога, како 17-годишник, почна да гради музичка кариера под името Три (Tree). На 20-годишна возраст, потпиша договор со лондонската издавачка куќа „Р и С Рекордс“ и го издаде своето деби ЕП „Demons“.
Ова ЕП доби голема популарност откако фронтменот на „Радиохед“, Том Јорк, му дозволи на Оливер да го преработи нивниот хит „Karma Police“. Потоа, се посвети на студирање музичка технологија на Калифорнискиот институт за уметности.
Три години подоцна, се врати на музиката и потпиша договор со „Атлантик рекордс“ во 2017 година, откако неговата песна „When I’m Down“ стана голем хит. Во своите композиции, тој комбинираше алтернативен рок, инди-поп, хип-хоп и денс музика.
Неговиот музички спот „All That x Alien Boy“, кој го напиша и режираше самиот, има повеќе од 50 милиони прегледи, а токму со него го претстави својот препознатлив ретро стил на пошироката публика.
Неговиот најпознат сингл на оваа платформа, „Life Goes On“, стана вирален во 2021 година и оттогаш е користен во повеќе од 3,7 милиони видеа, додека песната „Miss You“ е користена повеќе од 1,5 милион пати.
Оливер Три беше среде четвртата светска турнеја по објавувањето на четвртиот студиски албум, „Love You Madly, Hate You Badly“. Турнејата започна на 30 мај во Мексико Сити, а требаше да вклучува настапи во Кина, Јапонија, Нов Зеланд, Антарктик и Јужна Африка.
Почина српската пејачка Бети Ѓорѓевиќ, позната по хитот „Почнимо љубав испочетка“


