Рики Мартин пристигна во Србија по инцидентот во Црна Гора — латино-ѕвездата е спремна за спектакл
Светската латино ѕвезда Рики Мартин пристигна во Србија, а на социјалните мрежи веќе се појавија првите фотографии што сведочат за неговиот престој во Белград.
Препорачано
Мартин долета во Белград поради концертот што ќе го одржи на 16 јуни.
Интернетот веднаш беше преплавен со фотографии и коментари на воодушевување што многумина ќе имаат можност да ја видат големата ѕвезда во живо.
Рики Мартин на 21 мај пееше за Денот на независноста на Црна Гора, а во текот на настапот на светската музичка ѕвезда се случи инцидент кога беше фрлен солзавец во публиката. Рики Мартин по инцидентот се огласи на „Инстаграм“ и рече дека сè уште е под импресии.
– Црна Гора, ќе изберам да се сетам само на неверојатната енергија што ја почувствував од сите вас. Публика толку топла и љубовна. Заедно ја прославивме музиката, културата и секако вашата независност. Сè уште сум под импресии од таа прекрасна вечер што настапував за вас. Ви благодарам многу за поканата, ви испраќам многу љубов и дефинитивно ќе се вратам – напиша неодамна Рики Мартин на Инстаграм.
Црногорската полиција го бараше човекот кој фрли солзавец на концертот на Рики Мартин на централниот плоштад во Подгорица по повод Денот на независноста.
Солзавецот предизвика паника кај граѓаните и концертот беше накратко прекинат, но набрзо продолжи.
– Синоќа околу 23 часот, рачен солзавец беше активиран во близина на сцената, што предизвика кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжи. Припадници на секторот за криминалистичка полиција фотографираа, откривајќи дел од споменатиот солзавец кој беше пронајден во близина на сцената. Лицето кое го фрли солзавецот ќе биде пронајдено наскоро“, изјави Милан Делиќ, раководител на ОКЦ, објавија медиумите во Подгорица.
Инцидентот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што многу граѓани го изразија својот шок и разочарување од настанот што ја одбележа вечерта на големата прослава.
И покрај непријатната ситуација и општата паника, Рики Мартин покажа професионализам и одлучи да го продолжи концертот за да не ја разочара публиката што дојде да биде сведок на одличен музички спектакл.
ВИДЕО | Прекинат концертот на Рики Мартин во Црна Гора поради солзавец: „Луѓето плачеа и бегаа“
ВИДЕО | Рики Мартин првпат се огласи по инцидентот на концертот во Црна Гора


