Рецепти за четири освежителни пијалаци кои ќе ве разладат на пеколните горештини
Жешките летни денови бараат секогаш да имаме нешто со нас за да се разладиме. И колку повеќе освежително толку подобро…
Препорачано
Ви претставуваме четири едноставни рецепти со кои можете да се разладите и освежите ова лето:
1. Пијалак од јогурт и вода
Дуетот вода и јогурт е познат под името „ласи“ и претставува традиционална индиска напивка. Благодарение на пробиотските бактерии, варењето, односно нашиот дигестивен систем го „сака“, а кога ќе додадете неколку сочни парчиња овошје ќе биде еден од најпосакуваните пијалаци што ќе го разладат вашиот организам кој копнее по освежување.
Состојки:
– 2 дл јогурт
– 2 дл вода
– 1 лажица мед или јаворов сируп
– 1/2 шолја сечкано манго
– 1/2 шолја боровинки или рибизли
– 1/2 шолја малини
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека смесата не стане кремаста. По подготовката, пијалакот ставете го во фрижидер да се излади.

2. Пијалак со кефир и краставица
Една од намирниците која може најмногу да нè разлади и освежи во лето е дефинитивно краставицата. Богата е со вода, а во комбинација со кефир, нејзиното „разладувачко“ дејство е уште подобро.
Состојки:
– 3 дл ладна вода
– 2 дл кефир
– 1 помала свежа краставица
– неколку листови свежа нане
Подготовка:
Измијте ја краставицата и исечкајте ја на помали парчиња. Ставете ја во блендер, па додајте вода, кефир и нане. Сè добро изблендирајте.

3. Пијалак од ѓумбир
Ако мислевте дека пикантната арома на ѓумбирот не е пожелна на високи температури, се лажете, неговото дејство во текот на жешките денови е многу благотворно и корисно. Ѓумбирот помага во регулирањето на телесната температура.
Состојки:
– 1 мл минерална вода
– свеж сок од лимета
– 30 грама ѓумбир
– 1/3 шолја сечкана нане
– 1 лажичка мед
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте. Ако ви пречат парчињата зеленчук, процедете го пијалакот. Ставете го во фрижидер да се излади.

4. Летна лимонада
Веќе е познато дека лимонадата е кралица на летните пијалаци. Ако вообичаената верзија веќе ви е малку здодевна и сакате да пробате нешто ново, но да ја задржите нотата на лимон – на вистинското место сте.
Состојки:
– 1 исцеден лимон
– 2,5 дл минерална вода
– 1 мала лажица сок од ѓумбир
– ливчиња од нане
– мраз
Подготовка:
Во чашата најпрво додајте мраз и со лажица промешајте неколкупати. На овој начин, ќе ја разладите чашата и побрзо ќе го постигнете ефектот на ладење на пијалакот. Потоа додајте ги исцедениот лимон и минерална вода и на крајот сокот од ѓумбир. Две-три ливчиња нане промешајте со сите состојки, а потоа на крајот додајте уште неколку ливчиња одозгора за декорација. Вашата нова лимонада е готова!



