Хакими и Винисиус/ EPA/OLGA FEDOROVA

ВИДЕО | Ибрахимовиќ нема дилеми: Хакими требаше да добие црвен картон

Натпреварот меѓу Бразил и Мароко, кој заврши без победник 1-1, донесе неколку спорни судиски моменти, а најмногу внимание привлече дуелот меѓу Ашраф Хакими и Винисиус Жуниор.

По еден старт на мароканскиот дефанзивец, дел од фудбалската јавност оцени дека станувало збор за прекршок за директен црвен картон. Хакими стартуваше со отворен ѓон врз бразилскиот напаѓач, а многумина сметаат дека на тој начин сериозно ја загрозил безбедноста на противничкиот играч.

Сепак, словенечкиот судија Славко Винчиќ не се одлучи за исклучување, а ниту ВАР не интервенираше за да ја промени одлуката на главниот арбитар. Меѓу оние кои јавно го критикуваа судењето беше и поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

„Кога ја видов ситуацијата, мојата прва реакција беше дека судијата требаше веднаш да реагира и да покаже црвен картон“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој нагласи дека при вакви стартови не смее да се прават компромиси без оглед на имињата на играчите или важноста на натпреварот.

„Не станува збор за репутација или за моментот во натпреварот, туку за безбедноста на фудбалерите. Напаѓачот веќе го помина противникот, опасноста беше очигледна, а контактот дојде предоцна“, додаде легендарниот голгетер.

 

Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот

ВИДЕО | Новинарка го налути легендарниот Ромарио: Кој не разбира фудбал размислува како тебе

Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот