Maроко/EPA/OLGA FEDOROVA

Еден од хероите на Мароко против Бразил во март играше за друга репрезентација и беше капитен

Ремито на Мароко против Бразил (1-1) во првото коло од групата Ц на Светското првенство донесе нова ѕвезда на големата сцена. Во центарот на вниманието се најде 18-годишниот марокански репрезентативец Ајуб Буади, кој со својата игра целосно го засени средниот ред на петкратниот светски шампион.

Младиот фудбалер на Лил одигра натпревар за паметење, а неговата доминација најдобро ја потврдува податокот дека селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, беше принуден уште на полувремето да го замени искусниот Касемиро, кој не успеа да добие ниту еден значаен дуел против Буади.

Иако има само 18 години, Буади веќе е стандарден првотимец на Лил со речиси 100 настапи за францускиот клуб. Против Бразил забележа 91 процент успешни додавања (60 од 66), не погреши ниту едно додавање во последната третина од теренот, освои шест топки, пресече пет противнички акции и доби девет дуели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

Дополнителна тежина на неговата приказна дава фактот што до неодамна настапуваше за младинските селекции на Франција. Буади ги мина сите категории, од репрезентацијата до 16 години па сè до селекцијата до 21 година, каде што ја носеше и капитенската лента.

Сепак, Фудбалската федерација на Мароко успеа да го убеди да го смени спортското државјанство. Според француските медиуми, клучна улога имал селекторот Мохамед Уахби, кој му гарантирал место во составот за Светското првенство и важна улога во тимот.

Во мај годинава Светската фудбалска федерација официјално го одобри неговото барање за промена на спортското државјанство, а само неколку дена подоцна Буади се најде на конечниот список на Мароко за Мундијалот.

Дебито на најголемата светска сцена го искористи на најдобар можен начин и уште во првиот настап покажа дека Мароко добил играч околу кого може да ја гради иднината во наредната деценија и пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goal (@goal)

ВИДЕО | Бразил одигра реми против Мароко, стрелци Саибари и Винисиус Жуниор

ВИДЕО | Новинарка го налути легендарниот Ромарио: Кој не разбира фудбал размислува како тебе

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот