УЈП - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

УЈП ја објави новата „црна листа“: Над 5.000 должници должат речиси 13 милијарди денари

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на даночни должници, на која се наоѓаат вкупно 5.058 физички и правни лица со неплатени обврски кон државата. Станува збор за листата бр. 06/2026, која ги опфаќа долговите доспеани за наплата заклучно со 28 февруари 2026 година, а кои не биле подмирени до 31 мај годинава.

Според податоците на УЈП, на листата се евидентирани 1.941 компанија и други правни лица, како и 3.117 физички лица. Во споредба со претходното објавување, бројот на правни лица е намален за 13, додека бројот на физички лица е зголемен за 53.

Вкупниот нето-долг на сите должници достигнува речиси 12,9 милијарди денари. Најголемиот дел од сумата се однесува на неплатени даноци и придонеси, а остатокот на царински давачки.

На листата се најдоа физички лица и самостојни вршители на дејност со долг над 120.000 денари, како и правни лица со обврски повисоки од 300.000 денари.

Не функционира апликацијата „Мој ДДВ“

Објавените долгови опфаќаат различни видови јавни давачки, меѓу кои данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, како и акцизни и царински обврски.

Од УЈП информираат дека листата е јавно достапна и може да се провери преку официјалните канали на институцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот