Улица 101 во Волково/ Фото: Град Скопје

Конечно реконструкција на улицата во Волково што е директна врска до обиколницата

За првпат откако е изградена, Град Скопје започна со целосна реконструкција на  улицата „101“ во Волково, која е една од најважните сообраќајници за жители затоа што претставува директна врска со обиколницата и секојдневно ја користат голем број граѓани.

Станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и поставување нова автобуска постојка, изјави денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

На „Ленинова“ ќе се исечат 25 дрвја, биле суви, заболени и небезбедни

Тој посочи дека Градот има сериозен и јасен план за Ѓорче Петров и дека по улицата „101“, следуваат и улиците „Шарпланинска“ и „Веле Марков“, како и многу други капитални проекти кои, како што вели,  директно ќе го подобрат квалитетот на животот на жителите од овој дел на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот