Фото: Слободен печат

Наводнувањето на нивите ја секнува водата во селата во Гази Баба, апел до жителите рационално да ја користат

Општинското комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ ги информира жителите на Црешово, Смилковци, Виниче, Раштак и Булачани  дека поради зголемена и нерационална потрошувачка на вода за пиење, во водоводната мрежа е забележано драстично намалување на притисокот.

Оттаму апелираат до сите корисници водата да ја користат исклучиво за основните потреби на домаќинствата и рационално да располагаат со овој значаен ресурс.

Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ во наредниот период ќе спроведуваат теренски контроли со цел откривање на евентуални нелегални приклучоци на водоводната мрежа. Против сите корисници кај кои ќе бидат утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки и ќе бидат изречени санкции согласно важечките прописи, велат од претпријатието.

За нечии зелени бавчи и дворови, пола Скопје секојдневно со часови е без вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот