Фридрих Мерц фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

ВИДЕО | Пратениците на АФД го исмеаја говорот на Мерц за Украина, тој ги обвини за блиски врски со Русија

Во германскиот парламент (Бундестаг) се случи жесток вербален судир меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и претставниците на десничарската Алтернатива за Германија (АфД). За време на неговиот говор, во кој се осврна на руската агресија, Мерц истакна дека „Украина се брани и се бори за својата слобода повеќе од четири години“ на што претставниците на АФД во парламентот гласно се смееја, што предизвика остра и непосредна реакција од германскиот канцелар од говорницата, пренесе Киев пост.

„Тоа е јасен знак, дами и господа. Се смеете на тоа, се смеете на судбината на милиони луѓе во Украина, а потоа патувате во Москва на приеми каде што се пие шампањ“, им рече видливо вознемирениот Мерц, директно критикувајќи ја десничарската опозиција за нивните блиски и чести врски со Владимир Путин.

ВИДЕО | „Мерц мора да си оди“: десничари демонстрираа низ Берлин барајќи оставка од канцеларот

Крајно десничарската и популистичка партија Алтернативата за Германија (AfD), која е основана во 2013 година, остро се спротивставува на масовната имиграција, зелените политики и европската интеграција, додека во надворешната политика континуирано се залага за укинување на санкциите против Русија и прекин на испраќањето воена помош до Киев.

Крајно десничарската АфД стана најпопуларна партија во цела Германија

Според последните анкети на јавното мислење објавени оваа недела, AФД води на национално ниво со 29 проценти поддршка од гласачите. Втор е Мерц од владејачката коалиција на десниот центар со 21%, додека партиите на левиот центар значително заостануваат.

Германци ќе плаќаат големи казни зашто го навредиле Мерц на социјалните мрежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот