Германскиот канцелар Фредерих Мерц во Давос/Фото: Fabrice COFFRINI / AFP / Profimedia

Германци ќе плаќаат големи казни зашто го навредиле Мерц на социјалните мрежи

Германските судови изрекоа високи казни за луѓе кои објавија навредливи коментари на социјалните мрежи против германскиот канцелар Фридрих Мерц, јавува „Велт“.

Окружниот суд во Оринген во Германија казни еден човек со 30 дневници, или една месечна плата, за навреда на германскиот канцелар Фридрих Мерц, која ја објавил на социјалните мрежи. Пресудата е донесена на 19 март против човекот кој го нарече Мерц „лажлив Фриц“, но неговиот идентитет не е објавен.

Како што е наведено, износот од 30 дневници одговара на еден месечен приход, па врз основа на просечната плата, казната за навреда на Мерц изнесува повеќе од 2.000 евра и е правно обврзувачка. Постапката беше водена и за друга навреда, поврзана со терминот „E.. се Фридер“ (Ftzn Frider), а на 13 февруари, Окружниот суд во Бракенхајм изрече казна од ист износ – 30 дневници.

Во исто време, обвинителството во Хајлброн покрена постапка во врска со 39 навредливи коментари на сметката на Мерц, односно во врска со посетата на Мерц на Хајлброн минатиот октомври и воведената забрана за летови над тој град, но 15 беа отфрлени. Други случаи се префрлени во други јавни обвинителства или сè уште се во тек, изјави обвинителството за „Велт“.

Во коментарите на истата вест се појави уште една навреда за која постапката сè уште е во тек, бидејќи Окружниот суд во Хајлброн изрече казна во износ од 30 дневници, но осудениот се жалел и сега се чека одлуката на судот на главната расправа. Од друга страна, постапката поврзана со терминот „лакиран мајмун“ беше привремено прекината со плаќање на парична казна од 100 евра по жалбата на обвинетиот, а доколку паричната казна се плати, случајот ќе биде затворен.

Оние кои беа осудени за објавените коментари беа казнети според член 188 од германскиот Кривичен законик, кој предвидува казна за навреда, клевета и навреда на јавни личности. Според „Тагесшпигел“, обвинителството го оправда гонењето наведувајќи дека коментарите веројатно „ја поткопале довербата во интегритетот на жртвата“ бидејќи можеле „да поттикнат негативни резерви или агресија кај истомислениците“.

Мерц предлага „придружно членство“ за Украина и за земјите од Западен Балкан во ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот