Почина тајландската принцеза Бајракитијабха по повеќе од три години во кома
Тајландската принцеза Бајракитијабха Махидол, најстарото дете на кралот Маха Ваџиралонгкорн, почина на 47 години откако три години беше во кома.
Препорачано
Баџракитијаба, позната и како „Принцезата Ба“, починала вчера во болница во Бангкок.
„Медицинскиот тим обезбеди најблиска и најинтензивна можна нега, но нејзината состојба продолжи прогресивно да се влошува“, се наведува во соопштението на палатата објавено денеска, додавајќи дека таа починала претходниот ден во 19:48 часот по локално време во болницата Чулалонгкорн.
Breaking News –
The Royal Household Bureau announced that Princess Bajrakitiyabha Narendiradebyavati passed away peacefully at 19:48 hrs. yesterday at Chulalongkorn Hospital.
She was 47 years old.Princess Bajrakitiyabha had been receiving treatment at Chulalongkorn Hospital,… pic.twitter.com/LVBZlJSlDn
— Thai Enquirer (@ThaiEnquirer) June 12, 2026
Се онесвестила додека дресирала кучиња
Принцезата, која по професија била адвокат и еден од највидливите членови на кралското семејство на светската сцена, била хоспитализирана во декември 2022 година откако се онесвестила додека дресирала кучиња. Нејзините лекари го припишале тоа на сериозно неправилно чукање на срцето, предизвикано од инфекција со микоплазма во нејзиното срце.
Кралското семејство ретко споделуваше новости за нејзината состојба. Во август 2025 година, тие објавија дека нејзиниот медицински тим „открил тешка инфекција во крвотокот, што ги натерало да даваат антибиотици и лекови за стимулирање на крвниот притисок за да одржат стабилно ниво“. Нејзините лекари рекоа дека нејзините „бели дробови и бубрези функционираат со поддршка на медицински помагала и лекови“, се вели во соопштението.
Кралското семејство во мај соопшти дека Баџракитијаба имала „нестабилни витални знаци, низок крвен притисок, неправилно работење на срцето и абнормална коагулација на крвта“.
In Loving Memory of Her Royal Highness Princess Bajrakitiyabha Narendiradebyavati #เจ้าฟ้าพัชรกิติยาภา pic.twitter.com/Zh1vyGN0Fv
— Bangkok Post (@BangkokPostNews) June 12, 2026
Најпочитуван член на кралското семејство
Принцезата беше ќерка на кралот на Тајланд, Ваџиралонгкорн (73), и неговата сопруга во тоа време, принцезата Соамсавали (68), а е родена на 7 декември 1978 година. Студирала право на Универзитетот Тамасат, а подоцна се стекнала со титулата магистер по право на Универзитетот Корнел во Итака, Њујорк, во 2002 година. Исто така докторирала на Универзитетот Корнел. Баџракитијаба потоа работела во тајландската мисија во Обединетите нации во Њујорк пред да се врати во својата земја за да служи како јавен обвинител.
Таа била амбасадорка на Тајланд во Австрија од 2012 до 2014 година, а во 2017 година станала амбасадорка на добра волја на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал. Се залагала за реформа на правосудството, фокусирајќи се на рехабилитацијата на жените во затвор.
Бајракитијаба одиграла клучна улога во усвојувањето на „Правилата од Бангкок“ од страна на ОН, познати и како Правила на Обединетите нации за третман на затвореничките и мерки кои не вклучуваат затвор за жени престапници, во 2010 година. Исто така, била почесен амбасадор на добра волја на ОН за жени.
„Општеството не може да расте ако има нестабилност и неправда. Без владеење на правото, без добар правосуден систем, секогаш има хаос… Мислам дека владеењето на правото е многу важен столб на развојот, економскиот раст и, се разбира, човековите права“, изјави Бајракитијаба за АП во 2013 година.

Неизвесност на тајландската монархија
Нејзината смрт ја остава иднината на тајландската монархија неизвесна, бидејќи кралот официјално не именувал наследник. Неговиот најмлад син, 21-годишниот принц Дипангкорн Расмјати, е претпоставениот наследник бидејќи синовите имаат приоритет пред ќерките. Меѓутоа, Бајракитијаба се сметаше за потенцијална наследничка поради нејзината јавна служба. Тајланд никогаш немал кралица во власт, но земјата усвои амандман во 1974 година со кој ѝ се дозволува на жена да биде на чело на монархијата, наведува Би-би-си.
Тајланд е уставна парламентарна монархија во која државните функции се поделени помеѓу кралот, како шеф на државата и премиерот, како шеф на владата.
Кралот Маха Ваџиралонгкорн е на тронот од 2016 година. Иако моќта на монархот е формално ограничена со уставот, кралското семејство има огромен општествен углед, влијание и строга законска заштита од каква било јавна критика.
Тајландскиот крал има уште четири сина со втората сопруга, но тие се откажаа од титулите во 1996 година и живеат со својата мајка во САД. Нивната сестра, 39-годишната принцеза Сириванавари Нариратана, беше вратена во Тајланд и ја носи кралската титула.
Зад принцезата останаа нејзините родители и шест полубраќа и сестри.
Три години е во кома: Принцезата која беше надеж за Тајланд се бори за живот


