Ако се пронајдете во овие ситуации, можеби вашата сопруга е нарцисоидна
Нарцисоидните сопруги често користат широк спектар на манипулативни тактики за да го добијат она што го сакаат, без воопшто да се грижат за емоционалната штета што им ја нанесуваат на своите сопрузи. Важно е да се напомени дека не сите луѓе со нарцисоидни карактеристики имаат и патолошко нарушување на личноста, но ваквото однесување во бракот е апсолутно неприфатливо, особено кога целта е контрола врз партнерот за остварување на сопствените желби.
Препорачано
Еве ги 11-те најчести тактики на кои предупредуваат експертите:
1. Во јавноста е мила и љубезна
Според терапевтката Мелиса Пруско, нарцисите се склони кон усвојување различни обрасци на однесување кои изгледаат како посебни личности. Во јавноста таа може да глуми совршена сопруга и мајка, создавајќи илузија за идеален однос, додека дома се претвора во личност која постојано осудува и критикува.
2. Го поттикнува отуѓувањето на децата од таткото
Ова е еден од најбескрупулозните начини на манипулација. Нарцисоидната сопруга суптилно ги наведува децата секогаш да застанат на нејзина страна, а во таткото да гледаат „негативец“. Таа зад неговиот грб им зборува лошо за него, поттикнувајќи ги да ја сожалуваат, со што трајно го урива односот меѓу таткото и децата.
3. Бара од сопругот детално да ја објаснува секоја одлука
Наместо искрено партнерство, таа бара од сопругот детално да го оправда секој свој чекор и секојдневен план. Оваа тактика ја користи за контрола, често прикажувајќи ја како „нормална грижа“, со што целосно го дезориентира партнерот и го тера постојано да биде во одбранбен став.

4. Нови правила на игра, повторно
Наместо отворено да зборува за своите потреби, таа постојано ги менува „правилата на игра“, понекогаш и на дневна база. Една недела може да каже дека нешто не ѝ се допаѓа, а по еден месец да го обвини сопругот дека повеќе не го прави тоа бидејќи „не ја сака“. На тој начин, мажот никогаш не може да биде во право.
5. Казна со молк
Злоупотребата на молчењето како казна затоа што сопругот не ги исполнил нејзините очекувања е крајно манипулативна тактика. Со ова на партнерот му се одзема основната потреба за поврзаност и комуникација, сè додека тој не попушти и не се приспособи на нејзините желби.
6. „Само се шегувам“
Нарцисоидната личност ќе стори сè за да се чувствува супериорно. Таа често го омаловажува сопругот, ги исмева неговите несигурности (дури и во јавност), а кога тој ќе реагира, таа се брани со фрази како „само се шегував“ или „не е ништо страшно“, префрлајќи го емоционалниот товар врз него.

7. Блискоста е слабост
Иако не сочувствува вистински, таа точно знае што го прави нејзиниот партнер среќен или тажен. Емпатијата кај неа не функционира како мост кон другиот, туку како алатка — таа ги чита неговите емоции прецизно, но не за да се поврзе со него, туку за да знае каде да притисне. Секој обид на сопругот за вистинска емоционална поврзаност го доживува како закана, а кога тој ќе се отвори, ќе сподели страв, несигурност или потреба од нежност, таа тоа може да го пречека со потсмев, иронична забелешка или ладно одбивање. Ранливоста за неа не е покана за блискост, туку доказ за слабост
8. Бара внимание од други мажи за да предизвика љубомора
За да добие надворешна потврда и да го контролира сопругот, таа е подготвена да ги премине границите на верноста во бракот. Без разлика дали станува збор за флертување во живо или внимание од други мажи на социјалните мрежи, нарцисоидната сопруга го користи тоа за да го направи сопругот несигурен.
9. Постојано глуми жртва
Според клиничкиот психолог Карин Геп, постојаното поставување во улога на жртва и избегнувањето на одговорноста се темелни елементи на нарцизмот. Таа секогаш ќе се обиде да го натера сопругот да ја преземе вината за нејзините лоши постапки, вешто користејќи ја неговата добродушност.
10. Ја користи нежноста како средство за постигнување цел
Ако нежноста, пофалбите и убавите зборови доаѓаат само тогаш кога сопругата сака да добие нешто за возврат, тоа е јасен знак за манипулација. За нарцисите односите се трансакциски, тие ги користат емоциите и желбите на партнерот како лост за остварување на сопствените цели.

11. Ги злоупотребува неговите несигурности
Нарцисоидната сопруга го користи сето она што го знае за својот маж за полесно да го скрши или искористи. Ако знае дека тој чувствува анксиозност во друштво или има одредени несигурности, таа без проблем ќе се пошегува на тој сметка за да предизвика смеење кај другите или да ја добие секоја кавга дома.
Заклучок:
Брачната дисфункција често се нарекува „танц на двајца партнери” — и во таа метафора се крие непријатна вистина. Манипулацијата не опстојува сама по себе; таа бара соиграч. Секое попуштање, секое премолчување, секое оправдување од типот „таа всушност не мисли така“ е чекор во истиот танц, потврда дека правилата на играта остануваат недопрени. Манипулаторот не се менува додека динамиката му функционира — а таа му функционира сè додека другата страна продолжува да игра според неговите ноти.
Затоа промената ретко започнува кај оној што манипулира. Започнува кај оној што конечно ќе одлучи да престане да танцува — да ги препознае шемите, да престане да се сомнева во сопствената перцепција и да постави граници што не се преговараат. Граница не е ултиматум изречен во гнев, туку мирна, доследна порака: вака веќе не може. Тоа значи да не се влегува во расправии чија единствена цел е исцрпување, да не се прифаќа вина што не е сопствена и да се побара поддршка — од блиски луѓе или од стручно лице — наместо проблемот да се чува зад затворени врати. Поставувањето граници е и своевиден тест. Партнер кој навистина сака да ја зачува врската ќе ве ислуша, ќе се соочи со себе и ќе покаже промена единствено со трајно поинакво однесување.
Седум тактики на нарцисоидниот партнер кои покажуваат дека тој ја изгубил моќта над вас
Кога љубомората станува опасна — границата што не треба да се премине


