Седум тактики на нарцисоидниот партнер кои покажуваат дека тој ја изгубил моќта над вас
Нарцисоидното однесување во голема мера е изградено околу потребата за постојано внимание и емоционален одговор. Кога тој „извор“ ќе исчезне, нарцисот е во паника и почнува да применува тактики за да ве врати под своја контрола.
Препорачано
Луѓето со изразени нарцисоидни особини ги градат односите на посебен начин. За нив најважен извор на внатрешна рамнотежа е вниманието на другите, восхит, признание, но и страв или зависност. Во психологијата ова се нарекува „нарцисоиден ресурс“.
Кога партнерот ќе постави граници или емоционално ќе се дистанцира, нарцисот се соочува со внатрешен дефицит. Еве ги 7-те карактеристични реакции кога веќе нема со што да се „храни“:
1. Итен обид за враќање на контролата
Одеднаш ви праќа пораки, ви се јавува или „случајно“ ве сретнува. Личноста која до вчера била ладна и рамнодушна, сега покажува извонредна грижа. Не се лажете, тоа не е љубов, туку обид да го врати изгубениот емоционален одговор.
2. Станува „совршена“ личност
Оваа фаза потсетува на почетокот на врската. Нарцисот станува внимателен, дарежлив и ветува промени. Целта е повторно да ве шармира за да го врати својот ресурс. Штом ќе успее, старите обрасци на однесување се враќаат.
3. Намерна провокација на реакција
Ако нежните методи не успеат, преминува на агресија. Ве критикува, ве обвинува или користи остар сарказам. Зошто? Затоа што секоја реакција, дури и негативната (расправија, плач, бес), за него значи дека врската сè уште не е прекината.

4. Наметнување на вина
Ќе ви кажува како сте го „издале“, како сте го „оставиле во тежок момент“ и ќе ја игра улогата на жртва. Оваа тактика е наменета за емпатични луѓе кои се склони да преземаат одговорност за туѓите чувства.
5. Демонстрира нов „идеален живот“
Ако не успее да ве врати, почнува демонстративно да објавува фотографии од нови познанства, патувања и успеси. Тоа го прави наменски за да го видите вие и да предизвика љубомора или љубопитност.
6. Брзо наоѓа нов извор на внимание
Кога ќе сфати дека дефинитивно ве изгубил, нарцисот не тагува долго. Тој многу брзо наоѓа нова личност која ќе му го пружи потребното воодушевување. Тие се мајстори за шармирање во раните фази на запознавање.
7. Соочување со внатрешна празнина
Без туѓото внимание, нивната самодоверба исчезнува. Стануваат апатични или иритабилни бидејќи нивната вредност зависи исклучиво од тоа како другите ги гледаат.
Не се повлекувајте
Разбирањето на овие механизми помага подобро да видите што се случува и да ги одржите сопствените граници. Најважното нешто што не смеете да го направите е да попуштите пред неговите емоционални игри. Само со цврсти граници и емоционална дистанца ќе можете да се заштитите од нивната манипулација.


