ВИДЕО | Хит сцена уште на првиот ден од Мундијалот — јужноафрикански фудбалер ништо не го разбра судијата и стана меме
Мексико вчера ја победи Јужна Африка на отворањето на Светсткото првенство со 2-0, а во еден момент од овој натпревар видовме интересна сцена во која во центарот на вниманието беа репрезентативецот на Јужна Африка, Кулисо Мудау и судијата Вилтон Сампајо.
Препорачано
При еден напад на Јужна Африка, кој заврши со удар кон голот и одбрана на мексиканскиот голман, се случи спорна ситуација што бразилскиот судија Сампајо не ја забележа.
Сепак, веднаш по завршувањето на акцијата доби повик од ВАР-собата за повторно да ја прегледа снимката и да процени дали Темба Зване намерно го удрил во лицето Роберто Алварадо.
По прегледувањето на снимката, Сампајо одлучи да му покаже црвен картон на Зване. Но, вистинското внимание го привлече моментот кога, согласно новото правило на ФИФА за поголема транспарентност, мораше преку стадионското озвучување јавно да ја објасни својата одлука пред гледачите на стадионот и милионската публика пред телевизиските екрани.
Тогаш сериозната ситуација се претвори во ненамерна комедија, а реакцијата Мудау, веднаш стана хит на социјалните мрежи и инспирација за бројни шеговити објави.
Here you go 😂 pic.twitter.com/nzi8Zs2oaK https://t.co/hicOv6oPE8
— King Phelz 🇵🇹 (@KingPhelz) June 11, 2026


