ВИДЕО | Тинејџери дивееле во паркче во Карпош 4, кршеле корпи за ѓубре и турнале канделабра
Група тинејџери дивееле вчеравечер во Карпош 4 во близина на фитнес-паркот и притоа насила урнале една канделабра. Видео од настанот е споделено во групата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ на Фејсбук, каде граѓани во коментари претпоставуваат дека станува збор за деветтооделенци од основното училиште „Петар Поп Арсов“.
Препорачано
Навистина немам зборови, толку желба за правење штета, толку многу негативна енергија кај нашите најмали генерации, култура нула, воспитување скоро ич! И ова не е единствена штета: искршени корпи за ѓубре и што уште не! Што правиме ние како родители, на што ги учиме? Воспитно образовни институции ( училишта ) дали читате? Се некој друг ни е крив! Локација К4 кај фитнес паркот! – вели жител на населбата во објавата.
ВИДЕО | Хулигани дивееле на игралиште во Капиштец, кршеле и уништувале детски реквизити
Други коментираат дека децата имаат многу примери за вакво однесување, кога лошите постапки остануваат неказнети. Притоа ги повикуваат родителите убаво да ја погледнат снимката и да си ги препознаат децата.
Некој родител сигурно си го препознава детето свое на снимкава! Ако ништо по гласот, по викањето. Мора некој да го препознава детето што ја бутка канделабрата. Некое од децата што бегаат. Некое дете сигурно ќе гукне,ќе каже име и веднаш пријава во МВР. Цело лето ако прават вака деветодделенци кај ни’ е крајот? Уште што ли нема да уништат? Секој родител што има дете малолетник нека се запраша кај му е детето после 22:00 часот. Дали треба да е дома или сеуште надвор??? Викање полиција секоја вечер после 22:00 часот ако сакаме мир и да не ни се уништува урбаната опрема – се предлага во еден од коментарите на споделеното видео.
Ваквите вандализирања на урбана опрема честопати, особено во летните месеци, се споделуваат на социјалните мрежи, јавноста реагира, но најчесто сторителите поминуваат неказнето бидејќи се малолетници. Речиси редовно, на удар се детските игралишта во ноќните часови, како што беше случајот во Капиштец пред две години.


