Фото: Општина Центар

ВИДЕО | Хулигани дивееле на игралиште во Капиштец, кршеле и уништувале детски реквизити

Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испрати видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Видео снимките на кои се гледаат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското игралиште во Капиштец.

Градоначалникот Горан Герасимовски во многу наврати досега информираше за дивеење и уништување на детските игралишта и урбаната опрема во општината. Минатата недела обиен и ограбен беше комуналниот пункт на Општина Центар во Капиштец од каде беа украдениалатките и опремата којашто ја користат хигиеничарите. Општинските служби речиси секојдневно наоѓаат искршени клупи, канти, канделабри, дел од детски реквизити, огради и затекнуваат пешачки патеки полни со ѓубре и искршени стакла. Сите овие случаи како и видео снимките општината ги достави до надлежните институции.

Општина Центар се надева дека институциите, но и граѓаните по објавениот видео материјал сериозно ќе ги сфатат случувањата во ноќните часови на детските игралишта особено во Капиштец.

Градоначалникот Герасимовски пред два дена за овие случувања се сретна со началникот на СВР – Скопје Сашо Топаловски со кого договори конкретни чекори за враќање на мирот во деловите од општината што се мета на хулигани и вандали. Покрај институциите Герасимовски ги повикува и граѓаните и родителите на будност и блискост со своите деца.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот