Фото: Фејсбук

Генерално собрание на ЗЕЛС: За Ѓорѓиевски најголем предизвик е финансирањето на општините

Финансиската стабилност на општините, продлабочувањето на децентрализацијата и новиот Стратегиски план 2026–2030 се темите на кои денеска се расправа на втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. Како што соопшти претседателот на ЗЕЛС, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, на седницата ќе се разгледаат клучни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, како и идните иницијативи на ЗЕЛС.

Според Ѓорѓиевски ќе се дискутира и за тоа каде да се насочат активностите во следниот период, но најголем предизвик останува финансирањето на општините.

Бараме најмалку 10 проценти од ДДВ и 50 проценти од персоналниот данок, по примерот на европските општини. Без предвидливо финансирање не може да има реална децентрализација – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека, иако изминативе две години општините добиваат значајна поддршка од Владата за инфраструктурни проекти, потребно е системско решение што ќе обезбеди долгорочна финансиска самостојност, како и поголемо учество на локалната власт во БДП.

Во однос на децентрализацијата, претседателот на ЗЕЛС рече дека веќе се подготвуваат модели за преземање надлежности во социјалната заштита, затоа што, според него, општините најдобро ги познаваат потребите на граѓаните и затоа е логично тие да имаат поголема улога во овој сегмент.

Ѓорѓиевски тврди дека не ретерира туку „прави чекор назад“ од ставот за дивиот премин кај Бит-пазар, но „Али тобако“ сигурно ќе се урива

Како една од приоритетните области ја посочи и противпожарната заштита, информирајќи дека средствата за територијалните единици се зголемени, но дека состојбата и понатаму бара сериозни интервенции.

Ѓорѓиевски информираше дека од почетокот на годината во Бригадата за противпожарна заштита на Скопје Градот примени се 20 нови пожрникари, а до крајот на годината ќе бидат примени уште 20, што според него во една година до сега не биле примени 40 нови пожарникари.

На седницата ќе се отвори и прашањето за состојбите во јавните комунални претпријатија, каде, како што посочи, клучни проблеми се долговите, опременоста и кадровските капацитети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот