Фото: Општина Центар

Осум студенти летото ќе го поминат на платена пракса во Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска се сретна со осумте практиканти кои ја поминале селекцијата и започнале практична работа во локалната самоуправа.

„Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ќе имаат можност да стекнат искуство во доменот на својата идна професија, да видат како функционира локалната администрација и како се носат одлуки што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Воедно, секторите ќе добијат дополнителна поддршка и нова енергија“, истакна Герасимовски.

Тој додаде дека во наредните шест месеци практикантите ќе бидат ангажирани во различни сектори и ќе работат 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, а за нивната работа ќе имаат месечен надоместок од 15.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот