Израелски напади врз појасот Газа EPA/MOHAMMED SABER

Израел во последните напади уби тројца Палестинци, бројот на жртви порасна скоро до 73.000, велат властите од Газа

Во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа загинаа уште тројца Палестинци, со што бројот на жртвите од октомври 2023 година порасна на 72.991, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, пренесе Ал Џазира.

„Пет луѓе се повредени од израелскиот оган“, соопштија од министерството.

Жртвите се регистрирани во време кога израелската aрмија ги продолжи своите секојдневни напади и покрај договорот за прекин на огнот кој е на сила од октомври 2025 година.

Според Министерството, оттогаш, во овие прекршувања на прекинот на огнот загинале 981 лице, а 3.104 други биле повредени.

Договорот беше постигнат по двегодишната геноцидна војна на Израел, во која исто така беа уништени околу 90 отсто од цивилната инфраструктура во Појасот Газа.

Светската здравствена организација (СЗО) пред неколку недели рече дека, според проценките, 43.000 луѓе од вкупно 172.000 повредени во Газа од израелските напади во октомври 2023 година, претрпеле тешки повреди што трајно им го менуваат животот, меѓу кои и околу 10.000 деца.

Според последните податоци на СЗО, тешките повреди на екстремитетите претставуваат најголем дел од сериозните случаи, со повеќе од 22.000 регистрирани случаи, по што следуваат над 5.000 трауматски ампутации, повеќе од 3.400 тешки изгореници, над 2.000 повреди на ‘рбетниот мозок и повеќе од 1.300 трауматски повреди на мозокот.

Газа се соочува со акутен недостиг од лекови и медицинска опрема, алармира СЗО

„Повеќе од 50.000 повредени сега имаат потреба од долгорочна рехабилитација“, изјави Рејнхилде Ван де Вердт, претставничка на СЗО за палестинска територија.

Таа предупреди дека во изминатите две години во Газа не е внесена никаква рехабилитациска опрема, додека 18 пратки со инвалидски колички, протетски екстремитети и рехабилитациски уреди сè уште чекаат одобрение. Односно, тие „се заглавени на граница“.

ОН за Газа: Речиси 800 луѓе се убиени на пунктовите за дистрибуција на хуманитарна помош за шест недели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот