Газа/Фото: EPA/MOHAMMED SABER

ОН побара да запрат нападите: примирјето во Либан, Иран и Газа мора да се почитува

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека е длабоко вознемирен од обновената ескалација на Блискиот Исток и побара од страните во конфликтот веднаш да ги запрат сите напади, објави „Ројтерс“.

„Сите напади мора веднаш да престанат. Прекините на огнот во Либан, Иран и Газа мора целосно да се почитуваат и сите чекори што би можеле да ги поткопаат тековните дипломатски напори мора да се избегнуваат“, рече Антонио Гутереш во објава на социјалната мрежа Икс.

„Длабоко сум загрижен за одлуката на Израел да ги затвори премините што водат кон Газа и го повторувам повикот за итно отворање на сите премини за да се обезбеди брз, безбеден и непречен проток на хуманитарна помош низ Газа“, додаде тој.

Гутереш повтори дека нема воено решение за конфликтите на Блискиот Исток и рече дека единствениот пат напред е преку дијалог и преговори, поради што ги повика сите заинтересирани страни да работат на дипломатски решенија што го подобруваат регионалниот и меѓународниот мир и безбедност.

ОН за Газа: Речиси 800 луѓе се убиени на пунктовите за дистрибуција на хуманитарна помош за шест недели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот