Експлозии во Авганистан

Пакистан го нападна Авганистан — загинаа најмалку 13 луѓе, меѓу кои 11 деца

Пакистанската војска вчера изврши воздушни напади врз Авганистан, а во бомбардирањата загинаа најмалку 13 луѓе, меѓу кои 11 деца, пренесува „Дојче веле“.

„Пакистанската војска повторно го наруши воздушниот простор на Авганистан и бомбардираше цивилни домови во провинциите Кунар, Хост и Пактика. Како резултат на овие напади, загинаа 11 деца, една жена и еден постар маж, додека 14 други жени и деца се повредени“, изјави главниот портпарол на талибанците, Забихула Муџахид, на платформата Икс.

Пакистан засега нема објавено официјална изјава.

Двете земји се вклучени во конфликт кој досега оваа година однел стотици животи.

Нападите доаѓаат по сомнителен напад на милитанти од пакистанските талибанци врз безбедносен пункт во областа Хасан Хел во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Министерството за внатрешни работи на Пакистан вчера соопшти дека дошло до вооружена пресметка откако осомничените милитанти се обиделе да го заземат безбедносниот пункт, при што загинале шест припадници на пакистанската паравоена единица „Фронтир Констабјулари“.

Стотици загинати и ранети во воздушен напад на болница во Кабул – драматично ескалира конфликтот меѓу Пакистан и Авганистан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот