фото: скриншот/видео

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Автомобил влета на тротоар во Истанбул и удри во продавач

На социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како автомобил „лета“ од патот и влетува во тротоарот, удирајќи во продавач во Истанбул.

Несреќата се случила на авенијата Баглар во населбата Гултепе кога возачот на изнајменото возило наводно ја изгубил контролата.

Автомобилот поминал низ бетонски и метални столбови пред да го удри продавачот на пешачката патека.

Повредениот продавач, идентификуван како Ихсан Јениад, бил однесен во локалната болница на лекување, а подоцна бил пуштен на домашно лекување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот