Фото: EPA/TOLGA BOZOGLU

Чалханоглу: Турција ќе доминира во мечот против Австралија

Капитенот на турската фудбалска репрезентација, Хакан Чалханоглу, изјави дека неговиот тим ќе доминира на претстојниот натпревар против Австралија на Светското првенство, бидејќи е поквалитетна и поталентирана.

– Селекторот го анализираше противникот со нас. Знаеме дека се физички силен тим, дека се добри во корнери и слободни удари бидејќи имаат високи и силни играчи. Но, мислам дека ќе доминираме на натпреварот утре, бидејќи имаме поквалитетен и поталентиран тим, ќе видиме што ќе се случи – рече Чалханоглу, според Асошиејтед прес.

Фудбалерите на Турција играат против Австралија во недела од 06.00 часот наутро, во првото коло од групата Д. Турците ќе играат на Мундијалот за прв пат од 2002 година.

– Помина долго, долго време. Горди сме што се вративме по 24 години. Сите знаат какво е чувството и каков е притисокот. Од нас зависи да ја претставуваме нашата земја, дојде време. Се подготвивме многу добро за овие две, три недели и сме фокусирани само на првиот натпревар – вели Чалханоглу.

Тој додаде дека сите во тимот се свесни за очекувањата на навивачите.

– Сите ни е грижа за тоа. Тимот знае каков е притисокот, но и ние треба да уживаме во овој момент бидејќи како дете, секогаш сонуваш за ова. Сега нашиот сон се оствари. Секако, сакаме и да ја претставиме нашата нација што е можно подобро – се зборовитге на Чалханоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот