Фото: EPA/CHRIS TORRES

ВИДЕО | Правилото за „погрешен идентитет“ видено за прв пат во историјата на фудбалот

Фудбалерите на Соединетите Американски Држави го победија Парагвај со 4:1 во првото коло на Светското првенство, а натпреварот беше обележан, меѓу другото, и со правилото за „погрешен идентитет“.

Домаќинот доминираше на почетокот од најголемиот фудбалски настан, а покрај добрата игра, можевме да видиме и дека и судиско правило кое е активирано за прв пат во историјата.

По дуелот помеѓу американскиот дефанзивец Тим Рим и Парагваецот Мигел Алмирон, главниот судија, Дани Макели, првично му покажа на Рим жолт картон за наводен прекршок.

Сепак, за прв пат во историјата на Светското првенство, беше активирано ново правило кое му дозволува на ВАР да интервенира во случаи на грешки при доделување жолти картони.

Макели го поништи жолтиот картон за Американецот и му го додели на Алмирон за симулација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот