Канадските медиуми стравуваат: Босанците ќе имаат поголема поддршка од домаќинот
Натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, кој вечерва ќе се игра на стадионот „БМО Филд“ во Торонто, предизвикува огромен интерес кај јавноста, а посебно внимание привлекуваат најавите за масовна поддршка на „змејовите“ од трибините.
Препорачано
Според проценките на дел од канадските медиуми, на стадионот би можеле да присуствуваат и до 30.000 навивачи на Босна и Херцеговина, што е бројка која би можела сериозно да ја надмине поддршката за домашната селекција. Со оглед на тоа што капацитетот на стадионот изнесува околу 45.000 гледачи, ваквото сценарио предизвика бројни реакции во Канада.
ФОТО | Американците во преносите од Мундијалот ги учеа гледачите што е црвен картон
Канадските медиуми потсетуваат дека во Канада живее голема босанско-херцеговска заедница, особено во Торонто, Хамилтон и Виндзор, каде што со години функционира една од најорганизираните дијаспори во Северна Америка.
Покрај навивачите кои живеат во Канада, се очекува во Торонто да пристигнат и илјадници поддржувачи од САД и од други делови на континентот. Голем дел од нив своето патување го планирале со месеци, свесни дека настапите на Босна и Херцеговина на Светските првенства се вистинска реткост.
Шакира и Бурна Бој го отвараат Мундијалот во Мексико, а шоу ќе има и во Торонто и во Лос Анџелес
На социјалните мрежи веќе се споделуваат видеа од организирани патувања, автобуски конвои и собири на навивачи, а атмосферата во градот полека добива мундијалски шмек. Не е исклучено трибините во голем дел да бидат обоени во сино и жолто, па Канада иако формално ќе биде домаќин, да се почувствува како гостин на сопствениот стадион.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
ВИДЕО | Мундијалски вести: Претставување на шест групи на СП 2026


