Горан Пандев/EPA/ALI HAIDER

Горан Пандев ќе биде дел од спектакл во Мадрид во кој ќе играат легенди на Интер и на Реал

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, утре ќе биде дел од големиот хуманитарен натпревар што ќе се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, каде силите ќе ги одмерат легендите на Интер и Реал Мадрид.

Станува збор за традиционалниот „Корасон Класик Меч“, на кој поранешни асови на двата европски гиганти повторно ќе излезат на теренот и ќе потсетат на славните денови од своите кариери.

Пандев ќе настапи во составот на Интер заедно со голем број поранешни ѕвезди на миланскиот клуб, меѓу кои се Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Антонио Кандрева, Маикон, Лусио, Џампаоло Пацини, Родриго Паласио и Давид Суазо. Тимот ќе го предводи легендарниот Џузепе Бергоми, додека дел од експедицијата е и поранешниот голман Франческо Толдо.

За Пандев, настапот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе разбуди посебни спомени, бидејќи токму на овој стадион во 2010 година беше дел од генерацијата на Интер која под водство на Жозе Мурињо ја освои титулата во Лигата на шампионите, испишувајќи една од најславните страници во историјата на клубот.

Канадските медиуми стравуваат: Босанците ќе имаат поголема поддршка од домаќинот

ФОТО | Американците во преносите од Мундијалот ги учеа гледачите што е црвен картон

ВИДЕО | Хит сцена уште на првиот ден од Мундијалот — јужноафрикански фудбалер ништо не го разбра судијата и стана меме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот