Втор ден на Мундијалот: Босна и Парагвај се враќаат на најголемата сцена по 16 години
Вториот натпреварувачки ден на Мундијалот го носи и првиот натпревар на Босна и Херцеговина која од 21:00 часот по средноевропско време ќе игра против Канада во Торонто, додека во терминот од три часот по полноќ силите ќе ги одмерат, САД и Парагвај.
Препорачано
Светските медиуми ја сметаат селекцијата на Сергеј Барбарез за аутсајдер во овој натпревар, но токму таквата улога би можела да биде дополнителен мотив за „змејовите“ да приредат изненадување.
За Босна и Херцеговина ова е само второ учество на Светско првенство во историјата, по дебито на Мундијалот во Бразил во 2014 година. Тогаш селекцијата беше блиску до пласман во нокаут-фазата, а многумина сè уште се сеќаваат на поништениот гол на Един Џеко кој можеше да го промени текот на турнирот за Босанците. Овојпат нивните шанси за пласман понатаму се поголеми, благодарение на проширениот формат на натпреварувањето и зголемениот број места во елиминациската рунда.
По пауза од 16 години на светските првенства се враќа и Парагвај. Јужноамериканската селекција, која во 2010 година стигна до четвртфиналето во Јужна Африка, на стартот ќе се соочи со САД. Домаќинот важи за фаворит, но искусниот селектор на Парагвај, Густаво Алфаро, сигурно ќе се обиде да ги искористи сите адути за да му создаде проблеми на противникот.
Ќе потсетиме, во првиот ден на Мундијалот победи забележаа Мексико и Јужна Кореја. Мексиканците без поголеми проблеми ја совладаа Јужна Африка, додека љубителите на фудбалот имаа можност да проследат далеку понеизвесен натпревар во Гвадалахара, каде Јужна Кореја со пресврт стигна до триумф против Чешка.
Канадските медиуми стравуваат: Босанците ќе имаат поголема поддршка од домаќинот
ФОТО | Американците во преносите од Мундијалот ги учеа гледачите што е црвен картон
Хименез откри зошто се расплакал по победничкиот гол: Го барав татко ми, но сфатив дека веќе го нема


